Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април
СВЕТ

Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април

Објавено March 23, 2025 20:10
Сподели
Сподели

Новиот канадски премиер Марк Карни денеска распиша предвремени парламентарни избори за 28 април. На прес-конференцијата на која го соопшти датумот за избори, тој нагласи дека Канада мора да се брани од се поагресивниот економски притисок од САД.

Знаеме дека мораме да дејствуваме за да им се спротивставиме на Американците, да се справиме со царините на Трамп и да ја поправиме канадската економија, рече Карни, новиот лидер на Либералната партија, кој неодамна ја презеде премирската функција од Џастин Трудо.

Карни ја нарече трговската војна со САД една од најголемите закани за Канада.

Тој (Трамп) сака да ја скрши Канада за да може Америка да нè поседува. Нема да му дозволиме да го направи тоа, рече Карни во говорот на отворањето на изборната кампања. Побара „јасен и силен мандат“ од Канаѓаните за да се обезбеди иднината на земјата.

Главен противкандидат на либералите ќе им биде Конзервативната партија на Пјер Поилиeвр.

Конзервативците Поилиeвр во изминатите месеци се сметаа за многу веројатен победник на парламентарните избори, но трговската војна на Канада со САД им даде изненадувачки поттик на либералите, а Карни моментално води во анкетите.

И двајцата кандидати за премиер се обидуваат да го убедат електоратот дека ќе му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поранешниот премиер Џастин Трудо поднесе оставка во јануари откако неговата Либерална партија доживеа пад на поддршката поради слабата економија и зголемените цени. Марк Карни беше избран за лидер на партијата и привремен премиер во март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алексоска: Мора што побрзо да се даваат психолошката помош и поддршка
Следна Статија (ВИДЕО) Огромен пожар беснее во познато грчко летувалиште

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Венс: Русија „бара премногу“ за крај на војната во Украина

Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Starship на Маск изведе нов лет, немаше напнат маневар, Трамп гледаше сè

Вчера вечер SpaceX го изведе шестиот пробен лет на својата ракета Starship, најмоќната ракета некогаш направена. Starship беше лансиран од…

November 20, 2024
СВЕТ

Ова остана од срушениот воен авион во Колумбија (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа…

March 23, 2026
СВЕТ

Министри и другите функционери во Шпанија поднесоа оставки поради фалсификување дипломи

Се повеќе политичари во Шпанија се под притисок да решат контроверзни академски прашања во нивните биографии откако тројца владини министри…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?