Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
ХРОНИКА

Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот

Објавено October 8, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Тешок инцидент ја потресе Виница, откако кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заврши во кома по жестока тепачка што се случила пред еден ресторан во градот.

Според информациите на Јавното обвинителство, 37-годишен маж е осомничен дека на 2 октомври, по вербална расправија, физички го нападнал кандидатот за советник Имит Скопко, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

„Осомничениот најпрво му задал удари со тупаници, по што двајцата почнале да се удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил Скопко во задниот дел од главата, при што тој паднал во бесознание. Констатирана е скршеница на черепот, а повредениот е во кома и животно загрозен“, соопшти Обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побара мерка притвор од 30 дена за осомничениот, кој се товари за кривично дело „тешка телесна повреда“.

По нападот, во Виница се собрале роднини и пријатели на повредениот, кои изразиле револт и барале правда. Поради напнатата состојба, полициски специјалци биле распоредени низ градот за да спречат можни инциденти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово
Следна Статија Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник тешко повреден, го удрил автомобил на „Туристичка“

На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски…

July 31, 2025
ХРОНИКА

ЦУК: Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

Од Центарот за управување информираат дека за одрон на пат вчера имало пријава преку 112 во 17.06 часот. Добиена пријава…

April 15, 2025
ХРОНИКА

Опожарено возило во Аеродром

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ било запалено патничко возило.  Противпожарната бригада на…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница-Гостивар, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?