Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
ХРОНИКА

Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот

Објавено October 8, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Тешок инцидент ја потресе Виница, откако кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заврши во кома по жестока тепачка што се случила пред еден ресторан во градот.

Според информациите на Јавното обвинителство, 37-годишен маж е осомничен дека на 2 октомври, по вербална расправија, физички го нападнал кандидатот за советник Имит Скопко, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

„Осомничениот најпрво му задал удари со тупаници, по што двајцата почнале да се удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил Скопко во задниот дел од главата, при што тој паднал во бесознание. Констатирана е скршеница на черепот, а повредениот е во кома и животно загрозен“, соопшти Обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побара мерка притвор од 30 дена за осомничениот, кој се товари за кривично дело „тешка телесна повреда“.

По нападот, во Виница се собрале роднини и пријатели на повредениот, кои изразиле револт и барале правда. Поради напнатата состојба, полициски специјалци биле распоредени низ градот за да спречат можни инциденти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово
Следна Статија Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар во стан во Аеродром на Велигден, татко и син завршија во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар…

April 21, 2025
ХРОНИКА

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го…

August 14, 2025
ХРОНИКА

Маж почина во градскиот пазар во Свети Николе

На 17.04.2026 во 16:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети…

April 18, 2026
ХРОНИКА

Полициска акција за детска порнографија: Претреси и кај претседател на бугарско здружение

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?