Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касами: Али Ахмети им ги даде имотите на Српската банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Касами: Али Ахмети им ги даде имотите на Српската банка
ПОЛИТИКА

Касами: Али Ахмети им ги даде имотите на Српската банка

Објавено September 27, 2025 17:06
Сподели
Сподели

„Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на Албанска Банка, но ни донесе српска банка. Време дојде Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години. Време дојде да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет. Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија“ рече на прес-конференција Билал Касами, лидерот на Движењето Беса кое е дел од Коалицијата ВРЕДИ.

Смета дека „Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија“.

„Фирмата „АС Сењак“, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола. Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17.09.2025. Само пред десет дена“ рече Касами.

Тој вели „Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Директна продажба на имот од фамилијата на Али Ахмети на Алта Банка од Белград. Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ. Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија“.

„Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ. Али Ахмети преку бизнис и банки го внесе српскиот свет во Македонија. ДУИ дваесет години манипулира со граѓаните зборувајќи за патриотизам, а зад завесата распродава капитал на српскиот режими. Со ова, Али Ахмети и неговите луѓе директно го ставаат под ризик финансиски систем и ја прават државата зависна од Белград. Албанците повторно ги враќаат во зависност на српскиот центар“ рече Касами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УПОЗ: Јавнообвинителската служба на работ на колапс
Следна Статија Алиу: Со заеднички дијалог со Синдикатот го унапредуваме статусот на здравствените работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Касами: Ако се поделиме за етнички теми низ призмата на шовинизам, која би била разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени

Премиерот во денешниот говор подвлече дека сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е позната како послушничка на Заев

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?