Катарската државна енергетска компанија „Катар Енерџи“ објави дека го прекинала производството на течен природен гас (ЛНГ) по иранските напади врз дел од нејзините постројки.
Се вели дека се погодени Рас Лафан, копнена база за преработка на гас, и Месаид, уште еден клучен објект за производство на природен гас во Катар.
Не се пријавени жртви како резултат на нападите, објавија катарските власти.
Катар е еден од водечките светски производители на течен природен гас, заедно со САД, Австралија и Русија.