Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи
ЕКОНОМИЈА

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи

Објавено March 19, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собранието, а министерот за здравство Азир Алиу очекува постапката да заврши за еден до најмногу еден и пол месец. Законот првично беше најавен да почне да се применува од 1 март, но беше одложен по реакциите и забелешките од угостителите и тутунската индустрија.

Една од главните новини што сега се најавуваат е обврската влезот во угостителскиот објект да биде одвоен од просторот каде што се пуши. Според објаснувањето на министерот, идејата е непушачите да можат да влезат во локал без да минуваат низ пушачкиот дел, односно без првиот контакт со објектот да биде низ чад.

Во предложените решенија останува и можноста да се пуши на тераси со две отворени страни, како и во случаи кога третата страна е кров што може да се отвори. Ова е компромисот што следува по забелешките од угостителите, откако првичните идеи за построги услови отворија отпор во секторот.

Од Министерството за здравство претходно соопштија дека суштината на законот е заштита на здравјето во затворени јавни простори и заштита на вработените, особено во угостителството, кои најдолго се изложени на чад од цигари и други тутунски и никотински производи. Во официјалните објаснувања, изложеноста на чадот се третира како прашање на безбедни и здрави услови за работа, а не како личен избор на животен стил.

Со новата најава, Министерството тврди дека сите отворени прашања околу текстот на законот веќе се затворени. Сега останува предлогот да влезе во владината, а потоа и во собраниската процедура, каде ќе се види дали компромисот што беше направен со терасите и влезовите ќе биде доволен за законот конечно да добие зелено светло.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски
Следна Статија Савески: Сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Економијата наспроти корупцијата станува најважниот проблем

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата…

April 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поевтини горива

Од полноќ горивата ќе бидат со нова цена: Дизелот се намалува од 74,5 денари на 73 денари. Бензинот 95 се…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?