Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација
ЕКОНОМИЈА

Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација

Објавено July 16, 2025 16:33
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на месец јуни и првата половина од месец јули 2025 година спроведе вкупно 883 теренски контроли кај даночни обврзници низ територијата на цела Македонија. Во споменатиот период, од вкупниот број на контролирани даночни обврзници, утврдени се неправилности кај 294 субјекти за кои се издадени налози за глоби, и тоа:
212 глоби за неиздавање фискални сметки;
49 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи;
20 глоби за фискални сметки без пропишани елементи;
8 глоби за нерегистрирана резервна фискална апаратура;
2 глоби за неисправен фискален апарат;
1 глоба за неиздавање парагон-блок;
1 глоба за некористење одобрен фискален апарат;
1 глоба за неводење итна сметководствена книга


Контролите беа насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква – паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.

Управата за јавни приходи потсетува на обврската за почитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), согласно кој:
Секој остварен промет мора да биде регистриран преку одобрен фискален уред;
Задолжително користење на одобрен фискален апарат во доволен број;
За секоја продажба да се издава фискална сметка;
Во книгата на дневни финансиски извештаи да се евидентира остварениот промет за секоја фискална каса навремено;
Најдоцна наредниот ден да се уплати дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет;
На видно место да има истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка


Овие обврски важат за сите субјекти – вклучително и за оние кои не се обврзници за ДДВ, како и за субјектите кои вршат сезонска дејност. Целта на овие мерки е зајакнување на даночната усогласеност, создавање на фер и транспарентно деловно опкружување и обезбедување еднаков третман на сите даночни обврзници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
Следна Статија Загина 33-годишен мотоциклист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод…

March 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот

Со влезот на Македонија во СЕПА, граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра и дотаците нема да се…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска најави завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите,…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?