Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
ХРОНИКА

Кешишев не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо

Објавено April 7, 2025 12:46
Сподели
Сподели

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на судијата Ивица Стефановски даде исказ за настаните поврзани со случаите, откривајќи детали за киднапирањето и убиствата на Панче и Вања. Тој сведочеше и за својата улога во партијата „Десна“ и за настаните кои довеле до трагичниот исход.

Кешишев образложи дека бил домар во политичката партија „Десна“ каде што и престојувал. Тој потврди дека готвел храна за Палчо, за себе и за присутните, додека, за гостите и симпатизерите правел и служел кафе и сок.

На прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, одговори „да, му бев како десна рака“.

Одговарајќи на прашања на судијата, Кешишев раскажа за подготовките за киднапирањето на Панче и моментот кога слушнал истрел, но нагласи дека бил далеку од местото на настанот.

– Кога беше убиен Панче, бев многу далеку и не знам што се случуваше, рече тој.

Тој посочи дека не бил свесен за плановите кои воделе до убиството.

Во својот исказ, Кешишев истакна дека бил предупреден да молчи за случувањата, одговарајќи на прашањето зошто после убиството на Панче не се откажал.

– Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека „за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат,“ сведочеше тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Прашан врз основа на што ја темели претпоставката дека во ранецот што го носел Палчо бил пиштолот, одговори „Мојата претпоставка е дека тој би се забележал на појасот на тој што го носи“. На дополнителното прашање дали тоа значи дека се носи пиштол за да се оди да се грабне Панче одговори „Не знаев додека не се случи сето тоа што се случи“.

Прашан на што ја базира претпоставката дека пиштолот го има Боре одговори дека заклучокот го извел од судница. -Според она што се зборуваше, дека пиштолот бил на Боре, Боре призна дека има пиштол, не знае каде е, по таа логика помислив дека е негов. Заклучокот го извлеков од судница, рече Кешишев.

Кешишев одговори потврдно на прашањето дали снимките што ги видовме во судот беа од моментот на грабнувањето.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено со WD40, одговори „не видов, мислам не“.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 2023 година во Македонија имало 258 патронажни сестри што е недоволно за да се обезбеди квалитетна грижа за сите мајки и деца
Следна Статија Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри,…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

Во СВР Охрид, на 13 декември 2024 година, 53-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена за сума од 300.000…

December 14, 2024
ХРОНИКА

Полицаец се самозастрела во Скопје

На 20.02.2025 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Наместо да застане, прилепчанец ги качил полицајците на хауба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?