Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони
ХРОНИКА

Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони

Објавено February 21, 2025 13:19
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопј, при презентацијата на камерите од домот на обвинетиот Велибор Манев во Велес се гледа како во вечерните часови на 21.11.2023 во предворјето пристигнува возило во 20 и 57 минути.

Лице излегува во возилото и влегува во куќата. Според обвинителството, тоа лице е обвинетиот Боро Видески со неговата „шкода фелиција“. Тоа е ноќта кога исчезнува Панче Жежовски. Велешанецот е убиен следниот ден.

Неколку минути подоцна од „рено кангу“ од совозачкото место излегува другиот обвинет, Влатко Кешишов и влегува во куќата. По него излегува и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. „Цитроенот“ на Жежовски на овие снимки сè уште го нема.

На следната снимка од истата вечер во 22 часот и 26 минути се гледа Кешишов во дворот од куќата како се прекрстува и во раката држи ранец. Кешишов нешто става во возилото, а Манев држи два балони. Кешишев со возилото „рено кангу“ излегува на улицата, а Манев со својот „мерцедес“ се упатува кон Велес.

По дваестина минути Манев со „мерцедесот“ се враќа од истото место кон кое замина и повтоено заминува. Прашањето е што барал Манев во вечерните часови неколку пати да оди кон градот неколку пати и веднаш се враќал? Во 22 часот и 43 минути Манев ги носи двете туби кон „кангуто“ кое во тој момент е паркирано на улицата.

Шест минути подоцна се гледа Палевски со слушалка во увото како со Видески излегуваат на улицата. Кешишев се упатува кон „кангуто“ додека останатите го чекаат. Видевски во раката држи радио врска „моторола“ и ја тестира. Закачени микрофони имаат и Видевски и Манев.

Сите четворица пешки тргнуваат во правец на куќата на Жежовски бидејќи биле соседи од иста улица со Манев. Во 22 и 56 минути се гледа како Кешишев се враќа од правецот од кој претходно замина пешки. Две минути подоцна „кангуто“ оди кон Велес, односно во правец на куќата на Жежовски. 23 и 57 минути сите доаѓаат пред куќата на Манев и нешто разговараат. Тројца влегуваат внатре додека Кешишов се упатува кон „кангуто“, зема некоја кеса и туба и влегува во домот на Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
Следна Статија Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ВИДЕО: Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд, објави Алфа телевизија. Тој е еден 23-та…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Грк со автомобил излетал од автопатот кај Смоквица, повредена сопатничка

На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Со лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија, уапсени 10 лица

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против десет лица…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден мртов во автомобил на паркинг

На 25.12.2024 во 08.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, во…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?