Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кинескиот извоз се зголеми и покрај падот на трговијата со Америка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Кинескиот извоз се зголеми и покрај падот на трговијата со Америка
Blog

Кинескиот извоз се зголеми и покрај падот на трговијата со Америка

Објавено May 11, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Извозот на Кина се зголеми за 8,1 процент на годишно ниво во април и покрај остриот пад на трговијата со САД, кој беше компензиран од силната побарувачка од Југоисточна Азија, објави денес Кинеската царинска управа.

Силниот раст на извозот значително ги надмина очекувањата на аналитичарите анкетирани од Ројтерс, кои предвидоа поскромен пораст од 1,9 проценти.

Вкупниот извоз на стоки од Кина во земјите кои се членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) се зголеми за 20,8 проценти, при што извозот во Индонезија скокна за 37 проценти, а во Тајланд за 28 проценти.

Спротивно на тоа, кинескиот извоз во САД во април потона за повеќе од 21 процент, додека увозот од САД се намали за речиси 14 проценти, првенствено поради новиот бран царини што ги започна американскиот претседател Доналд Трамп.

Кинескиот извоз во Европската Унија се зголеми за 8,3 проценти на годишно ниво, додека увозот се намали за 16,5 проценти, објавува CNN.

Во април, Кина забележа речиси непроменето ниво на увоз во споредба со минатата година – пад од само 0,2 проценти, иако аналитичарите очекуваа минус од 5,9 проценти.

Аналитичарите внимателно ќе го следат најавениот состанок на американски и кинески претставници во Швајцарија во текот на викендот, што би можело да биде пресвртница во трговскиот спор меѓу Вашингтон и Пекинг, додава американската медиумска компанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеф Безос продаде вила за рекордна сума
Следна Статија Три хороскопски знаци ги чека бериќетно лето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена…

May 30, 2025
Blog

Потоп на берзите поради царините на Трамп, збришани 2.400 милијарди долари

Откако Вашингтон најави воведување драстични царини, нагло паднаа сите најголеми светски берзи, при што само на Волстрит беа збришани околу…

April 4, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Бик – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Биковите денес ќе нанизуваат усогласувања своите дејства со принципите и вредностите што ги носат во…

February 10, 2025
Blog

Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема намера да ги зголемува давачките откако Светска банка предложи зголемување на ДДВ-то…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?