Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот

Објавено February 19, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност. За време на директорувањето на Зоран Попов, кадар на Данела Арсовска, угинаа повеќе од 40 животни, се случија големи инциденти, а од Попов не видовме и не слушнавме ниту збор, а камоли одговорност, изјави Стефан Кирков, советник од ВМРО -ДПМНЕ на Град Скопје, на прес конференција.

-Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум Берберски овци, истите се претпоставува дека се отруени од храна која им е дадена од вработени во институцијата. Според информациите, храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат. Па оттука, се поставува прашањето, зошто е дадена оваа храна на животните и кој тоа го одобрил? При вонредниот инспекциски надзор од инспекторите на АХВ затекнати се овие мртви животни и веднаш е постапено кон процедура за утврдување на причините на смртта при што во тек е обдукцискиот наод. Според нашите сознанија, сосема случајно при овој вонреден инспекциски надзор е пронајдено и уште едно мртво животно за кое се претпоставува дека имало обид да биде скриено од инспекторите и од јавноста.

Оттука прашуваме, дали е пронајдено мртво животно, поточно мртов мајмун од расата патас? Дали истото веднаш е земено од страна на инспекторите на АХВ и Ветеринарниот факултет за вршење на обдукција? Зошто се молчеше за смртта на овие животни и зашто се крие од јавноста? Скопјани заслужуваат да ја знаат вистината за секое едно животно кое е дел од скопската Зоолошка градина.

Како партија и како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бараме директорот Зоран Попов веднаш да си поднесе оставка. Ги повикуваме сите надлежни институции меѓу кои МВР, јавното обвинителство, АХВ, Ветеринарниот факултет веднаш да влезат во оваа установа и да постапат според законот. Ниту Попов, ниту Данела Арсовска не смеат да го уништуваат и она малку што остана од скопската Зоолошка градина. Никој не е над законот и нема право да си поигрува со животот на животните во скопската Зоолошка градина, изјави Кирков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон
Следна Статија Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ќе донесе…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?