Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности

Објавено February 18, 2025 15:25
Сподели
Сподели

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност. За време на директорувањето на Зоран Попов, кадар на Данела Арсовска, угинаа повеќе од 40 животни, се случија големи инциденти, а од Попов не видовме и не слушнавме ниту збор, а камоли одговорност, изјави Стефан Кирков, советник пд ВМРО -ДПМНЕ на Град Скопје, на прес конференција.

-Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум Берберски овци, истите се претпоставува дека се отруени од храна која им е дадена од вработени во институцијата. Според информациите, храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат. Па оттука, се поставува прашањето, зошто е дадена оваа храна на животните и кој тоа го одобрил? При вонредниот инспекциски надзор од инспекторите на АХВ затекнати се овие мртви животни и веднаш е постапено кон процедура за утврдување на причините на смртта при што во тек е обдукцискиот наод. Според нашите сознанија, сосема случајно при овој вонреден инспекциски надзор е пронајдено и уште едно мртво животно за кое се претпоставува дека имало обид да биде скриено од инспекторите и од јавноста.

Оттука прашуваме, дали е пронајдено мртво животно, поточно мртов мајмун од расата патас? Дали истото веднаш е земено од страна на инспекторите на АХВ и Ветеринарниот факултет за вршење на обдукција? Зошто се молчеше за смртта на овие животни и зашто се крие од јавноста? Скопјани заслужуваат да ја знаат вистината за секое едно животно кое е дел од скопската Зоолошка градина.

Како партија и како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бараме директорот Зоран Попов веднаш да си поднесе оставка. Ги повикуваме сите надлежни институции меѓу кои МВР, јавното обвинителство, АХВ, Ветеринарниот факултет веднаш да влезат во оваа установа и да постапат според законот. Ниту Попов, ниту Данела Арсовска не смеат да го уништуваат и она малку што остана од скопската Зоолошка градина. Никој не е над законот и нема право да си поигрува со животот на животните во скопската Зоолошка градина, изјави Кирков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем
Следна Статија Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски отвори подружница во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а намалане авидливост поради магла има на планинските превои…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина

Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Последното истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?