Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија
Blog

Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија

Објавено July 23, 2026 09:30
Сподели
Сподели

Случувањата со водата во Гостивар предизвикаа „караница“ помеѓу новоназначениот министер за здравство, Сашо Клековски и докторите кои на социјалните мрежи објавуваат стручни мислења за можните последици од пиењето на загадена вода.

Прв на удар беше д-р Никола Пановски, кој за време на короната беше еден од најцитираните доктори а и ден денес на социјалните мрежи тој им помага на граѓаните со стручно мислење.

Сега, Клековски него и другите кои коментираат ги нарече слободни јавачи на пандемијата.

„Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемиолози и инфектолози, даваат различни совети и мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат службените упатства и официјалните канали“, рече Клековски на неодамнешната прес конференција.

Пановски не остана покусо и му одговори на министерот.

„Јавно го замолувам Министерот за здравство да ги предупреди медиумите да не ме бараат повеќе за совети и изјави. По моите настапи, одат кратки видеа, па лајкови итн. Лајковите не зависат од мене, туку од медиумите До сега изјави сум дал за Телма, Сител, Канал 5, МТВ, Алсат, Македонско радио, интервју за 24 вести, Слободен печат и многу други, на многу сум се извинил заради физичко отсуство. ТВ Алфа не треба да ја известувате, тие си ја знаат работата. Од денес нека си бараат исклучиво епидемиолози и инфектолози. Многу би ви бил благодарен, зошто навистина ми е тешко да ги одбијам, а тие инсистираат. Инаку мојот прв совет, да прогласите епидемија, го прифативте по 10 часа, истата требаше да се прогласи 2 дена порано. Мојот втор совет, веднаш да се објават резултатите, ОЈО го прифати по 10 часа. Конечно, зошто лица кои воопшто не се доктори даваат изјави и одговараат “хипотетично” за фекални бактерии, иако не се доктори по медицина. Мој последен совет, покрај, епидемиолози и инфектолози, ставете и стоматолози“, напиша тој.

Се огласи и познатиот онколог Милан Ристески. кој продолжи со совети со пораката „овој долг пост не е заради лајкови, и им го посветувам на сите колеги кои полагале и положиле микробиологија, инфективно и епидемиологија без врски и без непотистичко влијание.“

Одговор дојде и од токсикологот Нико Беќаровски, кој ја коментираше состојбата со водата во Валандово.

„Бидејќи сум само еден од 3 (трите) супспецијалисти клинички токсиколози во Македонија, “си дозволив” ЈАВНО да ги советувам граѓаните на Валандово“, напиша тој.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АМСМ: На ГП Богородица кон Грција се чека 15 минути
Следна Статија Дали СДСМ, ДУИ и Таравари го поддржуваат ставот на градоначалникот на Гостивар дека никој не треба да сноси одговорност за водата?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Samsung Galaxy Watch се продава со попуст на Amazon

Samsung Galaxy Watch8 е означен со намалена цена во повеќе бои, големини и со различни карактеристики.

January 11, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е вистински ден за Јарецот! Вашата активација на креативната енергија е на максимум, користејќи…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и…

June 30, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?