Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

Објавено May 30, 2025 19:45
Сподели
Сподели

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти зголемен буџет за биолошки лекови, информираше попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

  • Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со мултипла склероза (МС), за подигање на свеста за оваа хронична болест и за поддршка на сите кои се соочуваат со неа. Имав можност на настан на Национално здружение за МС да споделам што Фондот за здравствено осигурување на Македонија има направено и ќе направи за подобрување на здравствената заштита на лицата со МС, посочи Клековски.

Тој рече дека во државава има околу 2.300 лица со МС, секоја година се дијагностицираат 100-120 нови случаи, 700 пациенти се на терапија, а 100 се дел од клинички студии, другите не им е потребна терапија или се на алтернативни терапии.
Од 200 пациенти кои примаат биолошка терапија во 2025 година, како што додаде, бројот се зголемил на 250, додека 450 се на друга терапија. Како што рече, 50 чекаат премин на биолошка терапија.

  • Фондот досега се посвети на зголемување на опфатот со терапија и буџетот за третман со биолошка терапија на Клиниката за неврологија во Скопје се зголеми на близу 400 милиони денари (околу 6.5 милиони евра) во 2025 година, од 250 милиони во 2024 година или зголемување од околу 60 проценти. Со тоа нема да има пациенти кои се на листа на чекање за биолошка терапија, нагласи Клековски.

Како што најави, следни чекори се децентрализација на терапијата: вклучување на нови центри за МС надвор од Универзитетската клиника за неврологија како ГОБ „8 Септември“ во Скопје), „Свети Еразмо“ во Охрид и Клиничката болница – Штип, што имаат капацитет и тимови за дијагностика и третман со биолошки лекови, потоа дистрибуција на лекови на 3 месеци наместо на 1 месец и анализа на можностите за дистрибуција преку инсулинските аптеки што ги има во повеќето градови.

  • Придобивки од нови центри: подобар пристап до терапија за пациентите низ цела Македонија, растеретување на Клиниката за неврологија, развој на регионалните болници и зголемување на нивните услуги. За бањската рехабилитација, Фондот ќе одобри важност на решенијата од 6 месеци, наместо досегашните 2 месеци, додаде тој.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија
Следна Статија Овој град во Германија нуди бесплатно сместување две недели, а еве и зошто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Напреден тест на крв за откривање на над 50 видови рак покажа ветувачки резултати

Тест на крв, кој открива повеќе од 50 видови на рак, вклучувајќи ги и оние кои тешко се дијагностицираат како…

October 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој…

October 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење

Министерството за здравство ја ажурира есенцијалната листа на лекови и во неа по првпат се ставени лекови за одвикнување од…

May 28, 2026
ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?