Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Објавено December 9, 2025 22:38
Сподели
Сподели

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.

-Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, истакна Клековски.

Во врска со информациите дека се доцни со исплата на капитации за матични доктори тој рече дека нема задоцнување во исплатите.

-Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари и исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето, посочи Клековски.

Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Следна Статија Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Културистот Кали Мускул хоспитализиран по припаѓање во теретана

Културистот Кали Мускул беше хоспитализиран по губење свест додека вежбал во калифорниска теретана.

January 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе…

October 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Wyze Scale Ultra BodyScan преглед: Натпреварувачки карактеристики по достапна цена

Доколку сакате да ги следите своите витални показатели по достапна цена, Wyze Scale Ultra BodyScan треба да биде на вашиот…

January 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нов вид грип стигнува во Јужна Калифорнија, предизвикува загриженост кај експертите за јавно здравје

Празничните патувања се во полнек и случаите на грип се зголемуваат. Некои експерти се загрижени поради нов вариетет на грип…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?