Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство шест се критични, вчера се хоспитализирани нови шест пациенти на Клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство шест се критични, вчера се хоспитализирани нови шест пациенти на Клиника
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство шест се критични, вчера се хоспитализирани нови шест пациенти на Клиника

Објавено March 22, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот од акутните изгореници и респираторни повреди, почнува да расте ризикот од инфекции. Така што, борбата не е завршена, таа допрва претстои и можно е пациенти кои биле во добра состојба да им се влоши состојбата поради ризик од инфекција. Оваа борба ќе биде долга и нема да биде решена ниту за една, ниту за две недели, рече Клековски на прес-конференција, посочувајќи дека за двете состојби се прави мониторинг и редовни токсиколошки и микробиолошки анализи и во земјава и во болниците во странство.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани во пожар загинаа 59 лица, а околу 200 лица беа повредени.

Посочи дека сите 54 повредени пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава се во стабилна состојба, а од 115-те во странство – шест се критични. Соопшти и дека вчера биле хоспитализирани шест нови пациенти – пет на Токсикологија и еден со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници.

Во понеделник се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, рече, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата.

Нагласи дека болничкото лекување во странство е гарантирано бесплатно и сто отсто на сметка на државата во која е хоспитализиран пациентот и дека се што се појавува во јавноста во врска со некакви трошоци за лекувањето е дезинформација.

Клековски информираше дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести.

Имаме полна соработка со матичните лекари кои доста помагаа во управување со севкупната ситуација, додаде Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кумановскиот затвор се 12 осомничени за трагичниот настан во Кочани
Следна Статија ФФМ: Сите средства од натпреварот со Велс за семејствата на настраданите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Хоспитализираните на Токсикологија по пожарот во Кочани се стабилни, немаат механички повреди

Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување…

March 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

Акцелераторот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, кој беше набавен пред осум години, сега е успешно монтиран и ставен…

February 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

40 пациенти добиваат физикална терапија по пожарот во „Пулс“, имаат проблеми со движење на зглобовите, покажа евалуацијата

Специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените пожарот во „Пулс“ во Кочани. Прегледани биле повеќе од…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот доктор, Македонецот Иво Бошкоски од болницата Џемели: Со мојата иновативна метода се губи една третина од прекумерната тежина

Доктор Бошкоски, кој со години има успешна кариера во Италија, е првиот доктор во светот кој воведе иновативен метод со…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?