Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Објавено August 1, 2025 14:09
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во Скопје, каде од страна на директорот д-р Игор Камшикоски им беа презентирани новите услови и современа медицинска опрема каква, според властите, ретко може да се сретне дури и во регионот.

Во својата изјава, премиерот Мицкоски се заблагодари на сите кои се вклучени во проектот, со акцент на квалитетните услови кои сега им се нудат на пациентите и медицинскиот персонал:

– Можам само да посакам вработените да имаат помалку работа и да се фокусираме на превенција. Но кога пациентите веќе ќе ги користат овие простории, тогаш барем нека добијат пристојни услови – како што сега имаме овде. Благодарение на директорот, на Фондот, министерот, Министерството и вработените, сега имаме, би рекол, европски услови со опрема која е единствена во нашата земја, а реткост и во регионот – изјави премиерот.

Мицкоски ја искористи посетата за да упати честитки до целиот тим и охрабрување да продолжат во иста насока.

– Навистина сакам да им честитам и да им посакам да продолжат да работат во оваа насока. Немам што друго да додадам освен да се придружам на кажаното од министерот и директорот – рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски
Следна Статија Потврдена пресудата на Додик. Доби една година затвор и шестгодишна забрана за политички активности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во кујни…

February 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најголема студија досега покажува дека медицинскиот канабис има потенцијал во лекувањето на ракот

Најголемата студија досега која го истражува медицинскиот канабис како третман за рак, објавена оваа недела во Frontiers in Oncology, откри…

April 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип за ризични категории населени досега се пријавени над 76 илјади…

November 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Апел за помош на Александар Велески за лекување во институтот Атлантис во Белгија

Семејството на Александар Велески, кој од самото свое раѓање се соочува со тешки здравствени предизвици – церебрална парализа и паркинсонова…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?