Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
ЗДРАВЈЕ

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи

Објавено January 3, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Полни ходници со болни деца – слика карактеристична за работен ден а не за викенд, објави Сител 

Во клиниката за белодоробни заболувања Козле само до пладне имале над 100 прегледи што укажува на масовно ширење на грипот и останатите респираторни инфекции. Капацитетите се исполнети и има 80 пациенти кои поради компликации се под постојан болнички надзор.

-Мешањето е најголема причина за ширењето на вирусите. Празниците си го направија своето. Речиси сите дечиња се со високи температури и до 40 степени, траат долго време, со кашлица и тоа доведува и до воспаление на белите дробови, пневмонии, бронхити кои побаруваат и болнички третман. Моментално ни се исполнети сите капацитети, чуваме само некое место за итни случаи, вели д-р Христијан Несторов, од Клиника за белодробни заболувања Козле.

За сезонскиот грип доктор Несторов вели дека многу повеќе се шири годинава и дава висока температура што најмногу ги плаши родителите. Пациентите кои бараат лекарска помош во Козле се од доенчиња до деца на школска возраст и оние со тешка клиничка слика се на кислородна поддршка.

-Моментално имаме 6 деца кои се на кислородна поддршка. Тие поради пообилно воспаление на белите дробови доаѓа до паѓање на кислородната сатурација и даваме поддршка за да ја одржуваме во нормални граници, вели д-р Несторов.

Освен во Козле гужви и голем број на хоспитализирани болни деца со компликации од респираторни инфекции има и на Клиниката за детски болести.

А дека грипот веќе има регионална распространетост покажува и извештајот на Институтот за јавно здравје. Во последната недела од 2025 биле пријавени 771 случај што е за 2,5 пати повеќе од претходно анализираниот период. Околу 250 од овие случаи се деца до 14 годишна возраст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика
Следна Статија Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип,…

June 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан

Џејсон Банан, доктор по микробиологија и поранешен висок научник во ФБИ, изјави за дека ФБИ утврдил оти вирусот Ковид-19, причината…

December 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Луѓето кои никогаш не се дебелеат го практикуваат овој генијален трик за појадок

Точно е дека метаболизмот игра голема улога, но ништо без навиките до кои се придржуваат. Личните тренери велат дека постои…

March 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?