Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Објавено September 16, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.

„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.

Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.

Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
Следна Статија САД и Кина се согласија околу сопственоста на ТикТок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Lakers Triumphираат со Впечатлив Триумф над Pelicans

Lakers прикажаа доминантна изведба во напорниот меч против Pelicans, потврдувајќи ја својата сила во НБА лигата

January 8, 2026
СПОРТ

Скандал на Светското првенство: Фудбалер местел натпревари, па завршил во затвор!

Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен…

June 17, 2026
СПОРТ

Трајковски со херојски гол во 98. минута донесе важен бод за Хајдук во битката за титула (ВИДЕО)

Хајдук го испушти врвот во хрватската Прва фудбалска лига по епилогот во 29-то коло, но фудбалскиот великан од Сплит може…

April 14, 2025
СПОРТ

Македонија изигра нерешено против Австрија

Во драматичен натпревар и гол на капитенот Филип Кузмановски буквално во последната секунда Македонија одигра 29-29 против Австрија во првиот…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?