Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клуч за последното казино во Шведска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Клуч за последното казино во Шведска

Клуч за последното казино во Шведска

Објавено April 27, 2025 23:04
Сподели
Сподели

Последното казино во Шведска, „Казино Космопол“ во Стокхолм, беше затворено, а одлуката за затворање беше донесена поради лошо работење, поради што шведскиот парламент го одзеде и правото на државната лотарија да управува со казината.

По затворањето на објектите во Сундсвал, Малме и Гетеборг, последното казино „Казино Космопол“ во Стокхолм исто така престана со работа, објави шведскиот јавен сервис СВТ.

Одлуката за затворање им беше соопштена на вработените, а околу 240 луѓе ќе ги изгубат своите работни места.

„Како работодавач, ќе направиме сè што можеме за да ги поддржиме нашите фантастични вработени. Од деловна перспектива, вистинската одлука е да се затвори сега бидејќи бизнисот долго време губи пари“, рече извршниот директор Ола Енквист.

Причината за затворањето е лошиот бизнис што започна со пандемијата на коронавирусот, но и силната конкуренција од онлајн казината.

Во Шведска, државата имаше монопол врз физичките казина, додека немаше контрола врз онлајн коцкањето поради заедничкиот пазар на ЕУ.

Повеќето онлајн казина се регистрирани во други земји-членки на Европската Унија, а Шведска не може да ги забрани поради европските регулативи.

Државните казина беа основани во 1999 година врз основа на одлука на шведскиот парламент. Парламентот, по лошите финансиски резултати, ја одзеде можноста на државната лотарија да управува со физичките казина пред неколку недели.

Шведската државна лотарија објави дека зградата каде што се наоѓаше казиното во Стокхолм ќе биде продадена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезнато е 11-годишно девојче од Гази Баба
Следна Статија Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка…

July 12, 2025
СВЕТ

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ЧИП ОД ИЛОН МАСК ВО МОЗОКОТ: Уредот му овозможи да контролира компјутер со своите мисли, но донесе и нови инвеститори во компанијата на милијардерот

Ноланд Арбо има вграден чип Neuralink во неговиот мозок од Илон Маск. Имањето чип во мозокот што може да ги…

March 25, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп на средба со воени ветерани: Значи сте ранети? Прилично добро, неверојатно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови…

April 24, 2025
ЗАБАВА

19 март е пресвртница за 3 хороскопски знаци

Оваа млада Месечина им носи можност на сите да започнат ново поглавје, но припадниците на три хороскопски знаци ќе имаат…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?