Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачев: Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ковачев: Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка
ПОЛИТИКА

Ковачев: Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка

Објавено November 10, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел.

-Сегашниот закон за бугарско државјанство е нелогичен и не функционира за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија, посочил Ковачев, по што повикал преку тамошните медиуми дека Законот мора многу итно да се промени.

„Законот во моментов е нелогичен. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени, а сега ќе ве замолам да го пренесете до сите членови на бугарскиот Парламент и до министерот за правда“.Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни и да биде очигледно дека се идентификувале како етнички Бугари.

-Ова ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Република Северна Македонија, кои имаат бугарски документи за идентификација, истакнал Ковачев.

„Јавен регистар во Министерството за правда со ограничен број податоци за името и местото на живеење на засегнатото лице, кое побарало бугарско државјанство и го добило. Тие се речиси над 170-180 илјади во однос на Македонија, а во моментов веројатно има над 15-20 илјади кои се обработуваат. Вие самите дојдовте доброволно и сте кажале: „Еве, бабо, дедо, тие се Бугари. Еве ги документите дека биле во егзархијата, во војската, во бугарското училиште. Јас потпишав декларација дека се чувствувам како етнички Бугарин и врз основа на ова добивам бугарско државјанство“, навел европратеникот во изјава за бугарските медиуми за процесот на добивање на бугарски документи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
Следна Статија Мечка нападна и тешко повреди старец во атарот на село Рилево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со…

August 5, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?