Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачки: Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ковачки: Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби
МАКЕДОНИЈА

Ковачки: Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби

Објавено August 31, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на објавите за сериозни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност во време на претходното раководство.

Ковачки изрази разочарување што, како што вели, за овие злоупотреби молчат претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор, јавниот обвинител, народниот правобранител, како и невладиниот сектор и здруженијата за човекови права. Според него, тоа уште еднаш покажува „кој ги влече конците во позадина“, иако станува збор за тешки прекршувања на Уставот и законите, како и на меѓународните конвенции.

„Мора да имаме искрен и сериозен процес на прочистување од старите практики кои се користеле за оцрнување на опозицијата, за лично богатење и за партиски интереси. Одговорните лица мора конечно да бидат изнесени пред лицето на правдата – и извршителите, но и нарачателите,“ порача Ковачки.

Тој обвини дека „остатоци од југословенските структури и нивни наследници“ сѐ уште попречуваат во извршувањето на должностите и повика службите да станат институции кои ќе ја штитат државата и граѓаните, наместо да се користат за политички притисоци.

„Овие тешки злоупотреби се правени во период кога Македонија веќе беше членка на НАТО, а во исто време во Алијансата се брифирало дека лидер на опозицијата крои заговори,“ додаде пратеникот, посочувајќи дека ваквите постапки нанеле голема штета на угледот на државата.

Ковачки обвини дека обвинителството „спиело и тогаш и сега“, а прашањето дали ќе има извинување за штетата нанесена на угледот и достоинството на поединци и институции останува.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова најавува реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси
Следна Статија (ВИДЕО) Конор Мекгрегор бегаше од бурата во Будва: ЛЕД-екран падна врз публика во клубот „Топ Хил“, има повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски

Постојат настани во историјата на една држава што не се мерат со време, туку со болката што ја остваат зад…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница

Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела –…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 се испратени на дополнителни прегледи на „Пулмологија“

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме

Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?