Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кои клучни точки останаа спорни во завршницата на преговорите меѓу САД и Иран?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кои клучни точки останаа спорни во завршницата на преговорите меѓу САД и Иран?
СВЕТ

Кои клучни точки останаа спорни во завршницата на преговорите меѓу САД и Иран?

Објавено April 12, 2026 19:52
Сподели
Сподели

Во завршната фаза од интензивните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад останале неколку клучни и нерешени прашања кои го блокирале постигнувањето договор, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански извори. Меѓу најважните спорни точки се статусот на Ормускиот теснец, судбината на повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум и деблокирањето на околу 27 милијарди долари ирански средства во странство.

Најголемото несогласување се однесува на Ормускиот теснец. САД побарале негово итно и целосно отворање за меѓународен поморски сообраќај, но Иран го одбил тој услов, инсистирајќи дека нема да се откаже од влијанието врз оваа стратешка рута за транспорт на нафта. Техеран наведува дека целосното отворање би било можно само во рамки на конечен мировен договор, што дополнително ги заострува односите меѓу двете страни.

Втората спорна точка е нуклеарното прашање. Американската страна, предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс, побарала Иран целосно да ги предаде или продаде сите залихи на збогатен ураниум. Иран понудил контрапредлог, но договор не бил постигнат, оставајќи го ова прашање отворено и високо чувствително за понатамошните преговори.

Третото важно прашање се однесува на замрзнатите ирански средства во вредност од околу 27 милијарди долари, кои се наоѓаат во банки во неколку земји, меѓу кои Ирак, Луксембург, Бахреин, Јапонија, Катар, Турција и Германија. Иран побарал тие средства да бидат одмрзнати за обнова на земјата по конфликтот, но САД го одбиле тој услов.

Американската страна изјавила дека постојат „црвени линии“, но не прецизирала детали ниту дали постои можност за продолжување на разговорите. И покрај неуспехот, аналитичарите оценуваат дека ова се едни од најсериозните директни преговори меѓу двете земји во последните години и дека постои одреден дипломатски импулс за нивно продолжување, иако клучните разлики засега остануваат длабок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со јајца
Следна Статија И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Венс: Русија „бара премногу“ за крај на војната во Украина

Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да…

May 7, 2025
СВЕТ

Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер

Возачот кој со својот автомобил влета во толпа луѓе на фестивал во Ванкувер сега е под полициска заштита, за да…

April 27, 2025
СВЕТ

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го намали влијанието на царините врз автомобилската индустрија, олеснувајќи дел од давачките…

April 29, 2025
СВЕТ

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови откако двете…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?