Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кои фирми добиле најголеми договори за јавни набавки во општините?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кои фирми добиле најголеми договори за јавни набавки во општините?
ЕКОНОМИЈА

Кои фирми добиле најголеми договори за јавни набавки во општините?

Објавено August 12, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Во 2024 година, општините потпишале договори за јавни набавки со 1.210 фирми, што е мало намалување на бројот на договорени фирми во однос на 2023 година. Забележителен е фактот дека дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршува кај само 10 фирми – што укажува и на тренд на постепено намалување на концентрацијата, но и понатамошен ризик од олигополистика и нелојална доминација.

Најзначајна фирма останува Енерџи Деливери Солушнс (EDS), со 42 договори со 38 општини и Скопје, и со најголема вредност – 500 милиони денари или 8,1 милион евра. Фабрика Карпош Скопје го зазема второто место со 10 договори во износ од околу 5,9 милиони евра (главно за инфраструктурни и образовни објекти), додека ЏОВИ КОМПАНИ Ново Село со 10 договори и 5,5 милиони евра е трета најголема.

Најголемиот поединечен договор за јавна набавка е на Општина Струмица со ЏОВИ КОМПАНИ Ново Село – 279 милиони денари (4,5 милиони евра) за изградба на нов градски пазар. Вториот е договорот на Градот Скопје со ЕДС за набавка на електрична енергија од 200 милиони денари (3,3 милиони евра), а третиот е на Општина Аеродром со ЖИКОЛ ДООЕЛ за доградба на ООУ Блаже Конески (197 милиони денари/3,2 милиони евра).

Кај 13 општини една фирма има удел над 50% во набавките на општината, а во речиси половина од општините, една компанија реализира трета од јавните набавки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јунајтед не попушта – Челзи за Гарначо треба да плати 58 милиони евра
Следна Статија Раде Шербеџија се збогуваше со Габи Новак со емотивно видео: „Ја обожавав“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии Гордана…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Платите за март на здравствените работници поголеми за 15 отсто, од април и повисоки пензии за 2 500 денари

Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат покачени за…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството

Во просториите на Народната банка се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот, д-р Трајко Славески и претставникот на Европската инвестициска…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата од полноќ

Поевтинуваат горивата од полноќ со новата одлука на РКЕ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?