Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колариќ од АХВ: Првичните резултати за месните производи се уште позагрижувачки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Колариќ од АХВ: Првичните резултати за месните производи се уште позагрижувачки
ЗДРАВЈЕ

Колариќ од АХВ: Првичните резултати за месните производи се уште позагрижувачки

Објавено June 3, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија дека дел од операторите со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите, продавајќи производи чиј состав не одговара на она што е наведено на декларацијата. Најголеми отстапувања се забележани кај млечните и месните производи, каде е утврдено присуство на недозволени состојки како растителни масти.

Светлана Колариќ од АХВ, во гостувањето во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, појасни дека во текот на месец март, по налог на директорот на Агенцијата, биле спроведени засилени контроли на пазарот во Скопје.

Фокусот на инспекциите бил квалитетот и идентитетот на производите, односно дали составот внатре во пакувањето соодветствува на декларацијата. Во овој контролен циклус биле земени вкупно 91 мостра од малопродажните објекти во Скопје, од кои:

  • 45 мостри од млечни производи и млеко;
  • 46 мостри од месни производи (сувомеснати производи).

Во делот на млечните производи, анализата покажа присуство на растителна маст. Тоа е строго забрането кај производите како што се млекото, сирењето, кашкавалот, павлаката и путерот, бидејќи тие имаат загарантирано име и точно се знае каков треба да биде нивниот состав, изјави Колариќ.

Таа додаде дека првичните резултати за месните производи се уште позагрижувачки, бидејќи кај нив отстапувањата од пропишаниот квалитет се многу поголеми во споредба со млечните производи.

На прашањето зошто досега не се објавени имињата на операторите и производителите кои ги мамат граѓаните, Колариќ истакна дека се чека на комплетирање на сите лабораториски наоди за да се направи сеопфатна анализа.

Поради притисокот на јавноста, штом ќе се анализираат сите податоци, имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени. Потрошувачот е секогаш во право и мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации, потенцираше таа.

АХВ ги отфрла обвинувањата дека ги штити производителите Колариќ децидно ги отфрли шпекулациите дека Агенцијата ги штити профитерите на сметка на граѓаните. Таа потсети дека во изминатите две години АХВ е постојано активна на терен, уништувајќи големи количини небезбедна храна и враќајќи сомнителни пратки од границите.

Ако ги штитевме производителите, немаше да бидеме толку актуелни со откривање на небезбедна и неквалитетна храна. Нашата примарна цел е заштита на потрошувачите, заклучи Колариќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брнабиќ: Вучиќ има поголемо влијание во светот отколку што имаше Тито
Следна Статија УЖАС ВО БЕЛГРАД: Старец убиен со секира, осомничениот ја чекал полицијата и сам се пријавил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови 65 случаи на грип во државава

Пријавени се 65 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, од 25 ноември до…

December 5, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена

Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план за детоксикација, според кој можете да изгубите до…

May 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Заловеното животно во Козле е волк, млад и неухранет

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?