Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
Blog

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците

Објавено July 17, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари.

Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците.

Во тужбата, инвеститорите тврдат дека „Мета“ не ги открила целосно ризиците од злоупотреба на личните податоци на корисниците на Фејсбук од страна на компанијата Кембриџ Аналитика, која ја поддржувала републиканската претседателска кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Акционерите наведуваат дека официјалните лица во Фејсбук повеќекратно и континуирано го прекршувале договорот од 2012 година со Сојузната комисија за трговија (ФТЦ), според кој Фејсбук се обврзал да престане да собира и споделува лични податоци на корисниците и нивните пријатели без нивна согласност.

Во тужбата понатаму се наведува дека Фејсбук подоцна продавал кориснички податоци на комерцијални партнери, што е директно кршење на тој договор, како и дека ги отстранил известувањата од поставките за приватност кои биле во рамките на договорот.

Поради овие настани, Фејсбук се согласи да плати казна од 5,1 милијарди долари за решавање на обвиненијата од ФТЦ. Сега, акционерите бараат Закерберг и другите да и ја надоместат на „Мета“ казната од ФТЦ и другите правни трошоци, кои тужителите ги проценуваат на повеќе од осум милијарди долари.

Се очекува судењето да трае до крајот на следната недела и ќе вклучува сведочења и од Закерберг и од поранешната извршна директорка за операции, Шерил Сандберг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мициќ го избра Хапоел и стави крај на шпекулациите
Следна Статија Штекли однесен на Неврологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Квалком најавува подобрена размена на датотеки за Android телефони

Квалком најавува дека ќе воведе AirDrop-поддржана функција за брзо споделување датотеки на Snapdragon телефони

November 25, 2025
Blog

Зошто победата на Мајами над Нотр Дам не значи ништо за КПФ комитетот опседнат со загуби

Годинашните рангирања откриваат јасен тренд дека комитетот за селекција ги наградува оние што сте ги загубиле, а не оние што…

November 20, 2025
Blog

Банкар на удар на јавноста поради плата од 15 милиони евра:Ако можат спортистите,зошто не и јас

Серџо Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка UBS, не планира да се пензионира иако наскоро ќе наполни 65 години. По…

January 4, 2025
Blog

Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски

По расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, норвешката компанија за гориво „Haltbakk Bunkers“ објави…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?