Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку би можела да чини новата GTA VI?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Колку би можела да чини новата GTA VI?
ЗАБАВА

Колку би можела да чини новата GTA VI?

Објавено May 22, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Иако до излегувањето на Grand Theft Auto VI останува нешто повеќе од една година, шпекулациите околу потенцијалната цена на еден од најочекуваните гејминг-наслови на сите времиња веќе го привлекуваат вниманието и загриженоста на јавноста.

Иако Rockstar Games сè уште официјално не ја објавил цената на играта, неодамнешните поскапувања кај големите гејминг-компании, вклучително и Microsoft, предизвикаа немир меѓу фановите. Microsoft минатиот месец соопшти дека ќе ги зголеми цените на своите игри, и дека новите наслови до крајот на годината ќе чинат до 80 американски долари. Со ваква динамика на раст, многумина стравуваат дека GTA VI би можела да стане финансиски предизвик за пошироката публика во 2026 година.

Изјавата од Take-Two носи доза оптимизам

Меѓутоа, извршниот директор на Take-Two Interactive, матичната компанија на Rockstar Games, Штраус Зелник, понуди нешто посмирувачки информации во својата неодамнешна изјава. Тој потенцираше дека цените на игрите се одредуваат индивидуално, во зависност од содржината и вредноста што секој наслов ја нуди.

„Цените се поставуваат на ниво на издавач, во контекст на секое поединечно издание“, изјави Зелник. „Како што имам кажано и претходно – фокусот ни е на вредноста. Целта ни е на корисниците да им понудиме повеќе вредност отколку што плаќаат. Тоа е нашата задача, а не поставување ценовна граница.“

Оваа изјава беше веднаш коментирана на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), каде што дел од корисниците веруваат дека Зелник „игра стратешки“, следејќи ги реакциите на пазарот пред да ја дефинира крајната цена на GTA VI.

„Можеби Зелник мудро чека да види како ќе се продаваат другите игри со цена од 80 долари, пред да ја објави цената на GTA VI“, коментираше еден корисник.

Други, пак, се убедени дека цената воопшто нема да биде пречка:

„И да бараат 200 долари, луѓето сепак ќе ја купат GTA VI“, напиша друг обожавател, алудирајќи на култниот статус на франшизата.

Иако официјалната цена на GTA VI сè уште не е позната, очекувањата се високи – не само во однос на квалитетот на играта, туку и на пристапноста за гејмерите ширум светот. Со оглед на тековните економски трендови и амбициозноста на проектот, останува да се види дали Rockstar и Take-Two ќе најдат вистинскиот баланс меѓу пазарната реалност и очекувањата на играчите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силен земјотрес во Грција: Сè се тресе, зградите се оштетени, луѓето се во паника… (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Скандал на „Греми“: Бјанка Ценсори пристигна гола, полицијата ги избрка и неа и Канје

Канје Вест и Бјанка Ценсори беа избркани од годинешните Греминагради бидејќи Ценсори на црвениот тепих се појави гола, поточно во…

February 3, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) За прв пат е снимена ѕвезда надвор од нашата галаксија, оддалечена е 160.000 светлосни години

Астрономите за прв пат успеаја да снимат ѕвезда надвор од нашата галаксија, објави Европската јужна опсерваторија (ESO). Оваа ѕвезда, наречена…

November 23, 2024
ЗАБАВА

Дневен хороскоп: Стрелецот со заразен оптимизам, Вагата ќе цвета

ОВЕН Огнената енергија на Месечината во Лав се хармонизира прекрасно со вашата природа. Денес ќе почувствувате наплив на самодоверба што…

January 6, 2026
ЗАБАВА

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?