Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку пари им заштеди „училишната кошница“ на семејствата со ученици?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Колку пари им заштеди „училишната кошница“ на семејствата со ученици?
ЕКОНОМИЈА

Колку пари им заштеди „училишната кошница“ на семејствата со ученици?

Објавено September 17, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари од акцијата „Училишна кошничка“, која траеше до 15 септември, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Делчево, каде што на средба со претставниците со бизнис-секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

Замени министерот за економија рече дека текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори во кои се утврдени мали пропусти кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училишен материјал.

– Во текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори. Беа утврдени мали пропусти, кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училиштен материјал – рече Ристески.

Тој рече дека интересот за мерките за вработување е голем, бидејќи е зголемен оперативниот обем за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра. Средствата, како што нагласи, се наменети не само за бизнис-секторот туку и за невработените лица што сакаат да започнат сопствен бизнис или да се вработат во реалниот сектор, особено во малите и во средните претпријатија.

– Овие мерки нема да останат во постојната форма, туку ќе ги унапредуваме со цел Оперативниот план да биде уште поактивен, насочен кон развој на стопанството и намалување на невработеноста. На крајот од годината ќе направиме анализа за да видиме кои мерки ќе продолжат и ќе бидат уште поблиски до потребите на бизнис-секторот – рече Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Грција пронајде богатство од потонатиот брод „Британик“, сестрински брод на „Титаник“
Следна Статија Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален…

November 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?