На една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделена фотографија од главниот град на Македонија, на која што може да се забележи како до некоја од локалните пекари или продавнички, гајбите за леб ги оставил среде улица – каде што секојдневно поминуваат огромен број на возила, каде се фрлаат пикавци, каде што луѓето газат и плукаат…
Дали сте од оние граѓани кои ќе кажат, „ајде не е важно толку, така се челичиме“ или сте од оние за кои ова е недозволива слика?