Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кондарко: Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кондарко: Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен
МАКЕДОНИЈА

Кондарко: Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен

Објавено October 18, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко.

Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, материјалот е навреме дистрибуиран од општински изборни комисии до соодветните избирачки одбори и граѓаните непречено го остваруваат своето избирачко право.

-Досега немаме никакви приговори и забелешки од ниту една општинска изборна комисија и од ниту едно избирачко место, потенцира Кондарко.

Според него, засега податоци за излезноста нема зашто гласањето трае до крајот на денот, а кога ќе заврши, ДИК ќе објави колку од пријавените лица за гласање во домашни услови и во старски домови го оствариле своето гласачко право.

-Пред завршување на гласањето, околу 16 часот, ќе објавиме пресек, а по завршување на гласањето ќе објавиме и целосен процент на излезност, објасни претседателот на ДИК.

Тој потсети дека не денеска, туку утре ќе бидат објавени резултатите од гласањето на овие категории лица.

-Така е по Изборниот закон и тоа е праксата на сите избори. Ливчињата од денешното гласање поединечно се ставаат во посебен запечатен плик и во гласачката кутија. Гласачките кутии и пликовите денеска не се отвораат и нема да се објават како резултати, туку се бројат утре, по завршување на гласањето заедно со сите други ливчиња во соодветните избирачки одбори и се евидентираат во соодветните ОИК. Резултатот од денешното гласање се брои заедно со гласачките ливчиња, се евидентира утре и ќе се објави утре по 20 часот, подвлече Кондарко.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен 43-годишник, управувал возило со 3,32 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
Следна Статија Манијак снимал со телефон студентка во „Гоце Делчев“ додека се туширала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот на листата на air visual.  Њу Делхи во Индија и Лахоре во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Празијада во селото Градошорци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. Ова е настан кој веќе традиционално го собира…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?