Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конкурс за студентски стипендии за странски државјани за 2025/2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Конкурс за студентски стипендии за странски државјани за 2025/2026 година
МАКЕДОНИЈА

Конкурс за студентски стипендии за странски државјани за 2025/2026 година

Објавено June 11, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, за студиската 2025/2026 година. Стипендиите им се доделуваат на странски државјани со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.

Како што објави МОН, стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус за онолку семестри колку што се предвидени со статутите на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Апостол Павле“ – Охрид, „Мајка Тереза“ – Скопје и Државниот универзитет во Тетово.

На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија. Стипендијата не вклучува дополнителен период за подготвителна настава за македонски јазик, се наведува во објавениот конкурс.

За подетални информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите може да се обратат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во наведените држави. Пријавите и потребните документи се доставуваат до ДКП-та во државата во која кандидатот живее, најдоцна до 31 август 2025.

Во објавениот конкурс се наведени критериумите и начинот на аплицирање и документите кои кандидатите треба да ги достават заедно со пријавата.

Избраните кандидати кои нема да пристигнат во Република Македонија подоцна од 10 дена од објавувањето на конечната листа на добитниците, ќе се смета дека се откажале од добиената стипендија, стои во објавениот конкурс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Георгиев разговарал со Муцунски: Софија нема други услови надвор од францускиот предлог
Следна Статија Момче возело со 175 км/ч каде е дозволено 100 км/ч, полицијата го уапси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: За повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти во сладната година

Премиерот Христијан Мицкоски по повод една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во Македонија даде отчет за сработеното но и…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба

Министерството за култура ќе го доврши споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на Плоштадот Македонија…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за изјавата на бугарскиот министер дека е „северномакедонски“ премиер: Тоа е како кога глушецот го задева лавот

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

КАЈ БИ НИ БИЛ КРАЈОТ

Кога наместо „Смрт за шиптарите“, пет илјадна публика би викала: „Смрт за корупцијата, “ и цел час салата „Борис Трајковски“…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?