Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата
ЕКОНОМИЈА

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

Објавено March 26, 2026 09:35
Сподели
Сподели

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа гувернери, економски експерти и министри од регионот и од Европа коишто ги разменија своите искуства и ги разгледаа стратегиите за справување со сложените светски предизвици.

Учесниците истакнаа дека малите и отворени економии, како нашата, се особено изложени на надворешните шокови, коишто доаѓаат од растот на цените на енергентите, нарушувањата во синџирите на снабдување и од геополитичките тензии. Овие промени не само што го зголемуваат ризикот од инфлација, туку го тестираат и капацитетот на институциите за навремено и соодветно реагирање. Во такви услови, внимателното воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и макропрудентните мерки е клучот за зачувување на стабилноста и на довербата кај граѓаните.

Во исто време, финансискиот сектор доживува брза дигитална трансформација. Развојот на дигиталните валути, инстант плаќањата, анализата на големите податоци и примената на вештачката интелигенција отвора нови можности за ефикасност и сеопфатност, но истовремено носи и нови ризици, од кибернетски закани, до нарушување на приватноста и на довербата. На Конференцијата се потврди дека дигитализацијата треба да се развива рамномерно, со јасни правила и контроли, за да се заштитат стабилноста на системот и интересите на граѓаните.

Особено внимание се обрна на градењето на финансиската отпорност. Со постојано следење на кредитниот раст, долговите на домаќинствата, ризиците од недвижностите и на системските финансиски показатели и со воспоставувањето соодветни макропрудентни и фискални политики, се зајакнува способноста на системот за ублажување на надворешните шокови и за зачувување на стабилноста на економијата. Беше истакнато дека учеството на институциите во координацијата на монетарната и фискалната политика беше е најважно за одржувањето на стабилноста и за долгорочна заштита на економијата.

Покрај ова, на Конференцијата беше истакнато и значењето на јавната доверба и на транспарентната комуникација. Јавноста очекува од институциите да делуваат предвидливо, професионално и со кредибилитет, а добрата комуникација е основа за стабилизирање на очекувањата на граѓаните и за одржување на довербата, дури и во услови на криза.

На Конференцијата се потврди дека стабилните и иновативни институции, со помош на внимателно одбрани политики и преку транспарентна комуникација, можат најдобро да обезбедат финансиска стабилност и отпорност на економијата во време на светски предизвици.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до ДУИ: Добро е што веќе не се занимавате со ретро политики, но лошо е што не ја владеете енергетиката
Следна Статија Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Голем недостиг на бакар претставува ‘системски ризик’ за светските економии, предупредува С&П

Групата за податоци прогнозира дефицит од 10 милиони тони до 2040 година, еквивалентен на речиси една третина од тековната светска…

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат од полноќ

Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамповото семејство продаде голем дел од криптокомпанијата на emirates инвеститори

Инвестицијата во вредност од проценети 500 милиони долари им даде на Emirates-поддржани инвеститори 49 проценти од World Liberty Financial, криптокомп

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?