Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Концертот во „Пулс“ се одвивал на „диво“, најдени лицата барани по потерница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Концертот во „Пулс“ се одвивал на „диво“, најдени лицата барани по потерница
МАКЕДОНИЈА

Концертот во „Пулс“ се одвивал на „диво“, најдени лицата барани по потерница

Објавено March 17, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Лицата по кои се трагаше со потерница се обезбедени, посочи министерот Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Повлечени се потерниците издадени вчера.

Во реон на тетовско се приведени повеќе лица, меѓу кои и еден поранешемн минситер, две лица се приведени од министерството за економија, при претреси кај нив се одземени парични средства и оружје.

Утврдено е дека правното лице нема лиценца за работа, издавањето нејзино е од министерството за економија и во регистерот нема важечка лиценца. Сопственикот на „Пулс“ приложил фалсификувана лиценца при контрола од органите, изјави Тошковски.

13 лица се приведени во СВР Штип, меѓу нив и лица од државен пазарен инспекторат, едно лице од трудов инспекторат, сопственикот на објект, обезбедување, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот, посочи министерот.

Констатирани се низа неправилности во објектот – дискотеката не само што немала соодветна лиценца, работела во објект наменет за лесна индустрија, правила за ПП заштита се прекршени, само два ПП апарати имало за цел клуб, немало излезни врати за евакуација. Концертот се одвивал на диво, немало писмен договор меѓу изведувачите и сопственикот, ниту бил пријавен во МВР како настан.

На прашањето: Дали МВР требало да го обезбедува надвор настанот? Министерот соопшти дека не било известено за оддржување на таков настан и МВР нема обрска да врши обезбедување пред секој клуб.

МВР исто така беше прозвано за присуството на полициските службеници кои биле внатре во дискотеката ?Одговорот е дека МВР нема обрска да врши постојано обезбедување, се врши по барање од организатор за вакви анстани.

Вршена е контрола согласно акциски план, а полициските службеници влегле неколку минути пред да започне пожарот и полицискиот службеник кој беше обвинет дека требало да го прекине настанот е тој кој загинал затоа што помагал на лицата да ги изнесе од објектот, другите полициски службеници биле поблиску до излезот за среќа се преживеани.

Во однос на пиротехничките средства, дали МВР треба да издаде дозволи, согласно законот количината мора да се пријават во СВР за местото и објектот каде ќе се користат, но пријава до МВР немало. По завршување на увидот за питротехниката ќе и се соопшти на јавноста за типот на пиротехника. За жал ниедна власт не видела потреба за носење нов закон, кој ќе се донесе до крајот на оваа година.

Околу работата по еден часот, согласно законска регулатива кабареа может да работат до 04 часот и не е потребна посебна дозвола согалсно закон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград
Следна Статија Тошковски најави серија апсења: Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам

Верските лидери од Македонија здружено ќе се борат против насилниот екстремизам. Се заложија да ја зајакнат заедницата за да превенираат…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?