Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Косовец добил македонски пасош без да има каков било личен документ: Кривични за две вработени во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Косовец добил македонски пасош без да има каков било личен документ: Кривични за две вработени во Куманово
ХРОНИКА

Косовец добил македонски пасош без да има каков било личен документ: Кривични за две вработени во Куманово

Објавено May 12, 2025 17:45
Сподели
Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без нитуи еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од Република Македонија.

Додека пак, второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30.08.2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанец е основач на Охридската Архиепископија, тврди Ахмети
Следна Статија Ме прашал ли кој е коренот на мојата ментална болест, напишал кошаркарот Лабовиќ неколку дена пред смртта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Еве како пироман подметнува пожар во сервис за возила во Пинтија (ВИДЕО)

Рано утрово е запален сервис за возила во објект на поранешна стаклара, кај Каменик, во скопската населба Пинтија. Видео снимката…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Маж и жена изгореле во пожар во куќа во скопско

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар. Случајот во…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Жена го пријавила сопругот и неговите родители за насилство

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?