Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

Објавено February 26, 2025 21:32
Сподели
Сподели

Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик. Претседателот Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните.

-Станува збор за сомнеж на Уставниот суд во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална така и од неговата материјална страна. Од аспект на две темелни вредности, владеењето на правото и политичкиот плурализам, повреда на принцип на еднаквост на граѓаните како и од аспект на членовите 22 и 23 кои го уредуваат еднаквоста на избирачкото право и пристапот на граѓаните, секој има право да извршува јавна функција, рече тој.

Оваа одлука, според претседателот на Уставен суд, е особено важна, бидејќи по долго време, Уставниот суд, како што рече, почна да ја цени формалната уставност на законите, односно постапката за нивно донесување.

-Досега, судот го оценуваше формалниот аспект само во однос на потребниот број на гласови, но со оваа одлука се навлезе подлабоко во постапката, појасни тој.

Костадиновски изрази надеж дека оваа одлука ќе доведе до уставно подисциплиниран законодавец, затоа што, како што потенцираше, многу е важно на каков начин и во каква постапка се носат законите. Според него, не е спорно правото на законодавецот да нормира, но постапката мора да биде транспарентна и да ги почитува правните принципи.

-Измените на цензусот, направени во нетранспарентна постапка, ја повредуваат правната сигурност и предвидливост, кои се фундаментални принципи за владеење на правото. Отсуството на јавна и експертска расправа дополнително ги компромитира измените, кои се спротивни на меѓународните стандарди. Според овие стандарди, не е препорачливо најмалку една година пред избори да се прават суштествени измени, рече Костадиновски, заклучувајќи дека законодавецот ги ограничил правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции со овие измени.

Одлуката следува по Иницијативата со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а во која подносителите сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници.

Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што, според нив, предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите.

Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи.

Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Вучиќ: Срамната е пресуда против Милорад Додик
Следна Статија Анализа: Kако Сорос работел против ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Фетаи одби да одговори на македонски јазик на поставено новинарско прашање

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата,…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Комплексот „Македонско село“ нема повеќе да скапува, напролет повторно ќе прима посетители

Комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези, кој веќе шест години е затворен, напролет повторно ќе ги отвори вратите за посетителите,…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?