Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Објавено September 17, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Уставниот суд имаше плодна, конструктивна и на моменти оштра расправа во поглед на предметот на Правилникот на ДИК и заклучокот на мнозинството судии е дека нема да поведе постапка за уставноста и законитоста, информираше Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, појаснувајќи дека оценка на мнозинството судии на Уставниот суд е дека Правилникот на ДИК има своја и уставна втемеленост и законска втеменелност и значи целосно усогласување односно почитување на нивната одлука.

Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, според Костадиновски, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд.

– Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие би учествувале во изборниот процес. Тоа би значело брутално погазување и на нашата одлука и на Уставот и на Изборниот законик. Од тие причини мнозинството судии се одлучи за одлука да не поведе постапка – појасни Костадиновски.

Клучните аргументи на мнозинствоот судии, посочи Костадиновсеки на прес-конференција по денешната седница, е дека Изборниот законик со правната празнина создадена со нашата одлука не го регулира прашањето за критериумот за потребните потписи, но во сила во самиот изборен законик и понатаму се одредбите според кои потписите на избирачите во постапката за кандидирање се собираат на начин и во постапка што ја уредува ДИК со свој правилник.

– Оттука одлуката на ДИК за поднесување на предлог кандидатски листи да биде потврдена со важечки личен документ со најмалку два избирачи претставува составен дел на постапката за кандидирање што е и предмет на уредување на оспорениот правилник и тој не претставува ограничувачки услов – нагласи Костадиновски.

ДИК, нагласи Костадиновски, има правен основ и таа била должна да донесе таков правилник.

– Должноста на ДИК да го донесе тој правилник се базира не само на одредбите од Изборниот законик, туку и непосредно на уставните одредби. Уставот дава сериозни гаранции за активното и пасивното избирачко право, на можноста секој да учествува во политичкиот процес и особено е важна одлуката на Уставниот суд – појасни Костадиновски.

За да ја донесе оваа одлука, нагласи Костадиновски, Уставниот суд го толкувал и постапувањето, односно непостапувањето на законодавецот.

– Пополнувањето на правните празнини е секогаш важна уставно правна тема. Со нашата одлука неспорено дека се создаде една правна празнина. Право и должност е на законодавецот да ја пополни. Но, право на законодавецот доколку одлучи дека е целиосходно да не ја пополни, и тоа кажува многу и е сериозна индикација. Но, пополнувањето, односно непополнувањето на таа правна празнина можеби е одлука на Собранието и може така да се толкува дека оди многу либерално, во поглед на критериумот за учество на независните кандидати во изборниот процес, бидејќи не ја пополнил и не донел одлучување. Сето ова оди во прилог на нашата одлука. Нашата одлука во која најдовме сериозни прекршувања на Уставот и на темелните вредности и на низа уставни одредби, одеше во прилог, дикцијата на нашата одлука беше да се либерализира до максимум учеството на независните кандидати во изборниот процес како една од суштествените придобивки на демократијата и демократските процеси – изјави Костадиновски.

Со ваквата одлука, според Костадиновски, Уставниот суд праќа порака и до законодавецот и до сите други државни органи како ги анализира, толкува и како постапува кога ќе се појават празни празнини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“
Следна Статија СДСМ: Ќе поднесеме кривична пријава за откривање на креаторите на морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Ламата која угина боледуваше од туберкулоза, за неа нема лек и не постои вакцина

Скопската Зоолошка градина информира дека една лама, и покрај сите напори за лекување и терапија во соработка со Факултетот за…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше универзитетскиот професор Владимир Божиновски кој дискутираше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?