Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Објавено May 20, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме и науката и струката, ако има потреби Уставниот суд евентуално во иднина да се произнесе, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Прашан како ќе се рефлектира и што преземале по одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка, Костадиновски нагласи дека „не случајно оваа состојба ја квалификуваме како правен преседан“.

Тоа значи дека и меѓу судиите имаме различни стојалишта што ова значи за уставното судство. Имам свој став, но ќе се воздржам бидејќи во овој момент на сила е ставот што вчера го заземавме и морам да стојам на тој став како судија, изјави Костадиновски.

Прашан што ќе се случува со Иницијативата за уставноста на Преспанскиот договор, со оглед дека за неа гласала Елизабета Дуковска, чиј избор за уставна судијка беше поништен со одлука на Управниот суд, Костадиновски рече дека „и во поглед на ова прашање стојам на ставот што судот го зазема дека нашите одлуки се конечни и извршни и во никој случај, по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки“.

Уставниот суд, посочи Костадиновски, вчера на работен состанок долго ја разгедувал новонастанатата правна состојба, откако, како што нагласи, се соочиле со „правен преседан што во 60 години уставно судство ниту еден состав на Уставен суд се нема соочено“.

-Кажавме, не ја коментираме одлуката на Управниот суд, дека станува збор за правен преседан, дека тој правен преседан создава правна состојба и таа правна состојба создава правни импликации. Излеговме со соопштение и веќе ја кажавме првата правна последица од таа состојба, значи одлагањето на подготвителната седница за Законот за употребата на јазиците. Непосредна последица на оваа состојба, изјави Костадиновски.

Костадиновски, појасни дека концептот „res judicata“ или пресудена работа по кој било предмет во уставното судство, не е идентично како во редовното судство и дека Уставниот суд има право „да донесе поинаква одлука, доколку има основи за поинакво одлучување“.

-Тоа се два сосема различни правни институти со различно значење. Во уставното судство „res judicata“ има поинакво значење. Тоа значи дека за било кој предмет што овој суд го одлучил, денес, пред месец дена, пред три години, пред 30 години, по иницијатива на било кој граѓанин за истата работа, која е веќе еднаш пресудена, ако судот биде снабден со дополнителни околности, со силни аргументи, да ги разубеди судиите што можеби учествувале, а можеби не учествувале во онаа пресудена работа, судот има прво да одлучи поинаку. Значи нашиот акт ни дозволува да донесеме поинаква одлука доколку има основи за поинакво одлучување, а основи за поинакво одлучување се бројни. Така да и во поглед на ова прашање, стојам на ставот на судот дека нашите одлуки се конечни и извршни и во никој случај, по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки, изјави Костадиновски.

Уставниот суд, вчера преку соопштение, информираше дека нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, истакнувајќи дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување.

Уставниот суд, воедно потсети дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата на Управниот суд.

Поради новонастанатата ситуација, Уставниот суд, исто така, донесе одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што Дуковска е известител на овој предмет, а дополнително, Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот
Следна Статија Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Без разлика што е во бегство, постапката за Груби продолжува

Без разлика што е во бегство, и за Артан Груби и за другиот осомничен, постапката и натаму продолжува и јавноста…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески: Нема да има предмети во фиока и селективна правда, сите решаваат човечки судбини

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, целта на оваа Влада е да биде дел од Унијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип, каде што присуствуваше на презентацијата на новопристигнатата опрема од САД во касарната „Јане Сандански“,…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?