Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коста Кецмановиќ ќе говори на судењето на неговите родители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Коста Кецмановиќ ќе говори на судењето на неговите родители
БАЛКАН

Коста Кецмановиќ ќе говори на судењето на неговите родители

Објавено March 25, 2026 08:39
Сподели
Сподели

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој официјално не објавил дека малолетникот ќе биде сослушан, но на тоа укажува фактот дека во текот на претходната постапка, судењето беше преместено од Палатата на правдата во друг суд само кога К.К. беше испрашуван, јавија белградски медиуми.

К.К. треба да биде донесен од здравствената установа каде што се наоѓа речиси три години.

Таткото Владимир и мајката Миљана од почетокот на судењето ја негираат вината.

Тоа судење е затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените, а постапката се повторува бидејќи Апелациски суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беа осудени на неколку години затвор и побара судењето да се повтори.

Владимир Кецмановиќ беше осуден на затворска казна од 14 и пол години со првостепената пресуда за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против јавната безбедност, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ е осудена на затворска казна од три години за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Со истата пресуда, Немања Маринковиќ инструктор на стрелиште каде што К.К. вежбал пукање, осуден на една година домашен затвор за лажно сведочење.

Покрај кривичната постапка, против Кецмановиќ се водеа и пет граѓански постапки врз основа на тужби поднесени од членови на семејства на убиените и ранетите, од кои сите беа завршени во прв степен.

Момчето К.К., кое во времето на тоа злосторство се уште немало 14 години и затоа не е кривично одговорно, пукаше на 3 мај во тоа белградско училиште со два пиштола на својот татко, кои ги зел на 1 мај 2023 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвена Звезда вечерва оди на победа против Басконија
Следна Статија Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Aлбанија добива нов аеродром, во Валона

По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во…

April 27, 2025
БАЛКАН

Бенадикшон прогласува затворање по 13 години во Фресно

Беше полн простор во сабота наутро, додека жителите на Фресно се подготвуваа да се збогуваат со појадок со традиција.

January 12, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут

Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада - Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од…

April 6, 2025
БАЛКАН

Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?