Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!
МАКЕДОНИЈА

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Објавено July 1, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кос истакна дека идентитетот не се решава на маса за преговори, туку се носи во „душата и срцето“.

„Идентитет е и манастирите, и погачата, и тавче-гравче, пинџурот, полнетите пиперки… тоа никој не може да ви го одземе. ЕУ е заедница на различности и токму преку членството во ЕУ се заштитува идентитетот, културата и јазикот“, рече Кос, додавајќи дека и Словенија, како мала земја, по влезот во ЕУ успеала да го зачува својот јазик како еден од официјалните во Унијата.

Изјавата доаѓа во контекст на најновото барање на Бугарија, во извештајот на Европската комисија да се внесе формулацијата „модерен македонски јазик“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, подвлече дека идентитетот не може да се сведе само на гастрономија и традиција, туку и на историските личности и настани.

„За мене идентитетот се Гоце Делчев, Кузман Шапкарев, браќата Миладиновци, Илинденското востание, Дамјан Груев, Јане Сандански… Не сум сигурен дека колегите од исток ќе го споделат ова гледање, но тоа се луѓето што го градат нашиот македонски идентитет“, рече Мицкоски.

Состанокот ЕУ – Западен Балкан во Скопје се одржува во критичен момент за проширувањето и во време кога прашањето за македонскиот идентитет повторно станува дел од политичките дебати во Брисел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството
Следна Статија Електронски свидетелства од наредната учебна година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на погребот на папата Франциск, се ракуваше со Трамп и првата дама на САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објави фотографии како се поздравува со американскиот претседател Доналд Трамп и со првата дама на САД,…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова зборуваше со Зеленски: Најавен Самит „Украина – Југоисточна Европа“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?