Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно
МАКЕДОНИЈА

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Објавено July 25, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски во врска со интерпелацијата што ја поднесоа шест пратеници од политичката партија Левица – Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев.

Според Коцевски, подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност и вели дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент, со кој само се овозможува упад во самостојноста на Јавното обвинителство.

„Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност. Затоа ќе одговорам детаљно и образложено на сите наводи и во оваа интерпелација, иако нејзиното поднесување во согласност со законот е недозволено и претставува само потврда за неоснованоста на нападите со кои се соочува институцијата со која раководам и кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Воопштените и со ништо непоткрепени формулации од типот разноразни афери, низа скандали и хаотична состојба во начинот на функционирањето на Обвинителството, со кои подносителите без никаков аргумент бараат моја одговорност, само го потврдуваат фактот дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент, со кој само се овозможува упад во самостојноста на Јавното обвинителство“, вели Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро
Следна Статија Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го активира дигиталниот граничен систем: Што се менува за патниците од денеска?

Од денеска, 10 април, Европската унија целосно го активира Системот за влез/излез (EES – Entry/Exit System). Овој нов дигитализиран систем…

April 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова вели дека е очекувана одлуката на Уставниот суд за подготвителна седница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за иницијативите за Законот за употреба на…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?