Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Објавено June 13, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Тој посочи дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност.

– Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската Полиција при ОЈО за организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на МВР –Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници. Во конкретниот случај постои основа на сомнение дека во период од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година на територијата на СВР- Штип осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност, рече Коцевски.

Тој на прес-конференцијата појасни дека 13 полициски службеници, како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита, одобриле план за Акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Полициска станица (ПС)-Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризики при вршење на полициски работи.

– По овој План кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови без какви било измени било постапено и на 16 март 2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе во кабарето „Пулс“, не преземале мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, каде настапувала музичката групата ДНК, во моментов кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во Полициска станица-Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „Пулс“, изјави Коцевски.

Државниот јавен обвинител, Коцевски додаде дека полициските службеници, со тоа што не спречиле палење на пиротехниката, тие не преземале мерки и за заштита за присутните лица во дискотеката „Пулс“, каде поради несоодветните услови за работа на акциската контрола настанал пожар и со тоа предизвикале настапување на смрт на 62 лица, а над 200 лица се здобиле со потешки и полесни повреди. Заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуство на обвинитите Јавниот обвинител на судијата на претходна постапка на Основниот Кривичен суд Скопје му предложи спрема осомничените да се определат мерки на претпазливост.

– Тоа се: забрана за напуштење на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби, рече Коцевски.  

Тој истакна дека во оваа фаза Јавното обвинителство не може повеќе информации и детали да сподели за јавноста, бидејќи јавниот обвинител се уште постапува за овој случај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Следна Статија Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новогодишното обраќање на Мицкоски ги руши сите рекорди на гледаност

Новогодишното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски стана вистински хит на социјалните мрежи, поставувајќи нов рекорд на гледаност! Само 5 часа…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје е пренатрупано со смет како никогаш до сега

За светот Скопје метропла, за неговите граѓани град затрупан во свет., пишува Телма. „Глетката е катастрофа каде и да се…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Задоволство и чест ми беше да бидам дел од денешниот марш организиран од СВР Струмица, кој се одржа на релација…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?