Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски до Адвокатската комора: Местото за соочување на доказите поврзани со дискотеката „Пулс“ е судницата, а не медиумите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски до Адвокатската комора: Местото за соочување на доказите поврзани со дискотеката „Пулс“ е судницата, а не медиумите
МАКЕДОНИЈА

Коцевски до Адвокатската комора: Местото за соочување на доказите поврзани со дискотеката „Пулс“ е судницата, а не медиумите

Објавено October 10, 2025 15:45
Сподели
Сподели

OJO  реагираше на јавните настапи на дел од адвокатите кои го коментирале обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, оценувајќи дека со своите изјави го нарушуваат угледот на судот и институциите.

Во писмо испратено до Адвокатската комора на Република  Македонија, јавниот обвинител Љупчо Коцевски посочува дека дел од адвокатите јавно изнесуваат неосновани проценки за текот и траењето на судската постапка, без да бидат запознаени со доказите и обвинението. Таквото однесување, како што се наведува, е спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, според кој тие се должни да го чуваат угледот на судовите и правосудните органи.

„Изнесувањето на неосновани проценки за долгото траење на судската постапка наштетува на угледот на Судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато“, се вели во реакцијата.

Обвинителството наведува дека дел од адвокатите се претставуваат како независни експерти, а притоа не откриваат дека се бранители на обвинетите, со што, според институцијата, ја доведуваат јавноста во заблуда.

Како пример за неетички јавен настап, во писмото е посочено учеството на адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, каде што, според Обвинителството, изнесла невистини дека не ѝ бил доставен целосниот доказен материјал. „Наведените пораки се дел од доказен материјал што е интегрално доставен во Судот и до сите бранители“, стои во дописот.

Јавниот обвинител потенцира дека доказниот материјал во предметот „Кочани“ е обемен и резултат на макотрпна работа на обвинителите, при што нагласува дека местото за соочување на доказите е судницата, а не медиумите.

„Пред нас е тежок, но исклучително важен процес со кој треба да испорачаме правда за жртвите во кочанската трагедија. Адвокатите имаат професионална одговорност да придонесат за ефикасно и правично судење“, наведува Коцевски, барајќи од Адвокатската комора да апелира за почитување на етичките стандарди.

Обвинителството истакнува дека тимот кој го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“ ја има целосната поддршка од институцијата и дека нема да дозволи ниту едно рочиште да се одложи по вина на јавен обвинител.

„Поднесениот обвинителен акт е потврден од Судот и е стапен на правна сила. Наскоро ќе следуваат одлуки и во други постапки поврзани со овој тежок настан“, завршува реакцијата на Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра
Следна Статија Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нема силна економија без силни универзитети, кажа Мицкоски на камен темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети,…

March 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето

Утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови од државата. На планините и на повисоките места…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?