Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Објавено April 30, 2025 21:14
Сподели
Сподели

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено.

Коцевски, во интервју за Алсат М, посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и ЈО тргнува од денот на настанот одејќи наназад до 2012 година кога дискотеката почнува да функционира, откога се сторени прописти, додека на крај на истрагата ќе се донесе обвинение во кое ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи.

-Во конкретниот случај се опфатени неколку институциии. Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална власт, Државен пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците. Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија, појасни Коцевски.

Проширување на истрагата со нови лица, кои евентуално може да бидат осомничени и потоа обвинети, според Коцевски, може да се очекува до последниот ден на истрагата.

За вчерашната средба со родителите на семејствата на настраданите во пожарот, Коцевски рече дека дел од родителите поставиле одредени прашања кои им биле одговорени, нагласувајќи дека сето она што требало да им биде соопштено во оваа фаза, согласно закон, било соопштено.

-ЈО не е превентивен орган, туку репресивен. Обвинителството не може да постапува по допрен глас и да знае дали дискотеката има или нема одобрение за работа и дали таму се дистрибуираат наркотични средства… тоа е надлежност на МВР и другите институции. Откако МВР или другите институции ќе спроведат акција и доколку има евентуално елементи на некое кривично дело тогаш се известува Обвинителството, истакна Коцевски.

Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешни Бектеши, Коцевски, рече дека во никој случај обвинителскиот тим не држи без причина никој во притвор, ниту, како што рече, министерот Бектеши.

-Битно за притворот е дали може да влијае на сведоци, да ја повтори постапката и дали евентуално ќе се даде во бегство. Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор. Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не, појасни Коцевски.

Прашан како гледа на тоа што ниту еден од актуелните министри во Владата не се обиде ниту да поднесе морална оставка, Коцевски, рече дека тоа е нивна лична одлука и не може да коментира.

Во однос на „Беса транс“ и „модуларната болница во Тетово“, Коцевски рече дека обвинителство и судот постапуваат по овие случаи и дека се ноаѓаат во второстепена постапка. Едниот е укинат и повторно вратен во првостепена постапка, а другиот се чека одлука пред Апелација

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав
Следна Статија Охриѓанец проголтал опаковка со кокаин – итно бил пренесен во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната…

March 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче да се огради од изјавата на Фрчкоски дека Македонците се народ со три пива пред гранап

СДС и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците ништо не направиле за својата држава.Тој го навреди…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?