Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

Објавено November 11, 2025 13:06
Сподели
Сподели

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече, дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.

-Во тој ден не можеме се уште ништо да кажеме повеќе, рече Коцевски.

Судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела и, како што рече Коцевски, ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот, изразувајќи увереност дека од страна на ЈО нема да има никаков проблем во однос на судењето.

-Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на обвинителството, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Бројот на обвинители што ќе постапуваат по предметот, како што појасни Коцевски, заедно со дополнително ангажираните можеби ќе биде 15 јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе се истражи злоупотребата на пари од ИПАРД
Следна Статија 23-годишна жена која престојувала во Ржаничино со тупаници по устата и носот го тепала шестмесечното бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес е Благовец, ова се народните верувања и обичаи

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?