Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување

Објавено November 11, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Мерките што власта ги најавува во правосудството по завршување на локалните избори, државниот обвинител Љупчо Коцевски ги коментира како политички изјави. Премиерот Христијан Мицкоски веќе подолго време зборува за смена на републичкиот обвинител преку собраниска процедура, која според најавите на власта треба да се случи по изборите. Претходно Советот на јавните обвинители даде негативна оценка по образложението на Владата за разрешување на Коцевски, и се најде во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјава. Меѓудругото, извештајот нотираше дека за ефикасни истраги потребни се човечки и материјални ресурси.

– Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од една третина, што значи околу 360 вработени, а ни требаат околу 1 126. И минатата 2024 и оваа 2025 и за наредната година од страна на Министерството за финансии не ни се дозволува ниту едно вработување, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред седницата на Советот на јавни обвинители.

Согласно Законот за јавното обвинителство, нагласи Коцевски, процентот на средствата за ЈО треба да биде 0,4 % од БДП, а сега, исто како и минатата година се предвидени 0,2 отсто.

-Без разлика што, се настојува со новиот Закон за јавно обвинителство, дури да се покачи на 0,5%. Што значи дека истиот износ во однос на паричните средства е и во минатата и оваа година, како и за наредната година, посочи Коцевски

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти со ретки болести
Следна Статија Турците и Србите најбројни туристи – доаѓаат и Германци и Полјаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот

Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мартин Гоџовски од Варош го фати крстот во Охрид 

Мартин Гоџо од Варош беше најсреќен и успеа да го фати крстот во Охридското езеро. За прв пат оваа година…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?