Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција
СВЕТ

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

Објавено July 13, 2026 21:18
Сподели
Сподели

– Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција.

– ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на платформата Икс.

Тој и му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот на Коалицијата на подготвените за унапредување на поддршката за Украина.

– Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан, посочи Кошта.

Утре во Брисел ќе се одржат Меѓувладини конференции за пристапување во ЕУ со четири земји-кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во економската соработка меѓу двете земји
Следна Статија (ВИДЕО) „Платив од свој џеб“: Маѓар по самитот на НАТО ужива на скутер на вода во Турцијa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Возач фатен со 321 км/ч на автопат во Германија

Возач бил фатен како вози со неверојатни 321 км/ч (199 милји на час) на германскиот автопат А2 во близина на…

August 8, 2025
СВЕТ

Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети

Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел,…

November 17, 2024
СВЕТ

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во…

January 19, 2026
СВЕТ

НАСА објави спектакуларна фотографија од Марс, еден детаљ го привлече посебното внимание на научниците

НАСА објави нова спектакуларна фотографија од површината на Марс, направена од роверот „Персеверанс“ како дел од својата мисија, која веќе…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?