Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?
МАКЕДОНИЈА

Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?

Објавено July 6, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги.Кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски е десната рака на Заев во изборната шема за купување на гласови во Струмуца во 2014 година, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и италијанскиот весник  „Ла Верита“ пишуваше дека постои документација во обвинителството, која се состои од извадоци од снимени разговори од кои, како што се наведува, може да се заклучи дека Заеви, отворено зборувајќи на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање на гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев, а другата од Марјан Даскаловски со назив „Даскал“.

Кој стои зад Марјан Даскаловски и каков човек е тој сега е повеќе од јасно

Истото е и со кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, пратеник од СДС, кој ги гласаше сите штетни договори на Заев и Ковачевски во Собранието. И додека извршуваше наредби на СДС, Костовски си ја вработил сопругата во МНР тогаш управувано од Бујар Османи.

И Даскаловски и Костовски се луѓе со длабоки корени во СДС,  со криминал, корупцијата и непотизмот.

И Даскаловски и Костовски се луѓе кои докажале дека народот никогаш не им е на прво место, туку криминалците од врвот на СДС, нивните теснопартиски интереси и нагонот на лично богатење.

Со кандидати како Даскаловски и Костовски СДС одат во сигурен пораз.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа
Следна Статија Како државите низ светот се справуваат со „белата чума“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невозможно е да се соберат 5.000 потписи: Дали ќе се намали прагот за независни кандидати за локалните избори?

Партиите најавуваат измени на Изборниот законик пред локалните избори.Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре дожд, викендов засилен ветер

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија

Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?