Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој е прв? Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Кој е прв? Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина
БАЛКАН

Кој е прв? Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина

Објавено May 12, 2025 16:01
Сподели
Сподели

Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина по глава на жител, и со приходи од тоа – само врз основа на надоместоците за организирање игри на среќа – повеќе од 177 милиони евра во буџетот во 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград. 

Во Србија моментално работат 2.921 обложувачници, што е трипати повеќе по глава на жител отколку во Италија, петпати повеќе отколку во Велика Британија или шестпати повеќе отколку во Шпанија. Единствената држава со повеќе обложувалници по глава на жител од Србија е Босна и Херцеговина, објави Нова економија.

Обложувачниците во Србија подлежат на повеќе видови такси – посебни такси за организирање игри на среќа, данок на добивки остварени од играчи, како и преку класични даноци како што се данок на добивка, ДДВ, данок на доход на вработени…

Но, во Србија не се наплатува дополнителен данок на добивка за играчите на среќа освен – кога сумата на добивка е поголема од 143.872 динари.

Според податоците на Управата за игри на среќа, обложувалниците и другите организатори на игри на среќа само во 2024 година преку разни форми на давачки уплатиле повеќе од 20 милијарди динари во буџетот на Србија. 

Износот на надоместокот за посебни игри на среќа во казината изнесувал околу 368,4 милиони динари, за игри на среќа на автомати околу 8,2 милијарди динари, а за обложување приближно 3,4 милијарди динари.

Исто така, обложувалниците што организираат електронско обложување лани уплатиле 6,4 милијарди динари во државниот буџет.
Приходите од надоместоци за организирање на наградни игри изнесуваа околу 200 милиони динари, а од класичните игри на среќа околу 2,2 милијарди.

Вкупните јавни приходи од игри на среќа изнесуваа околу 320 милиони евра. Една година претходно, во 2023 година, обложувачниците уплатија повеќе од 17,7 милијарди динари (151,3 милиони евра) во буџетот на државата само од надоместоци за организирање игри на среќа.

Кај онлајн обложувањето, месечната членарина е 15 проценти од разликата помеѓу вкупната остварена вредност на влоговите и вкупната остварена вредност на добивките на играчот. Законот за игри на среќа предвидува дека растојанието помеѓу две обложувачници или казина мора да биде најмалку 100 метри, објави „Нова економија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд
Следна Статија Протест на Независниот синдикат на полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Конор Мекгрегор бегаше од бурата во Будва: ЛЕД-екран падна врз публика во клубот „Топ Хил“, има повредени

Големото боречко шоу „BKFC“ во Будва синоќа беше прекинато поради силна бура, откако во клубот „Топ Хил“ падна огромен ЛЕД-екран…

August 31, 2025
БАЛКАН

ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија

Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување…

December 2, 2024
БАЛКАН

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка…

November 21, 2024
БАЛКАН

Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)

Жељко Митровиќ, сопственик и директор на Пинк Медиа Груп, претстави нова дигитална редакција која користи 1.200 роботи со вградени вештачки…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?