Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година
МАКЕДОНИЈА

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година

Објавено March 29, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани од 2012 година до денес, бара иницијативата „Кој е следен“ која денеска организира собир пред Собранието.

Барањето е упатено до МВР, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Државниот градежен инспекторат, Државниот инспекторат за урбанизам, Дирекцијата за заштита и спасување, УЈП, локалната самоуправа во Кочани, локалниот градежен инспекторат и Консултативното тело за безбедност и превенција формирано во Општина Кочани.

Како што беше речено пред собирот, „Кој е следен“ бара и морална одговорност од приватниот сектор, како и коморите на угостители и нивните здруженија да преземат активни мерки за едукација на своите членки за да се справат со проблемите и да ги заштитат гостите, а не да бидат активни само кога треба да се земе финансиска помош од државата или некаква регулација за проширување на нивните тераси или намалување на трошоците за сметка на безбедноста и локалната заедница.

Барање на иницијативата е да се оформи и граѓански сервис „Е инспекторат“ кој ќе овозможи транспарентно работење на сите инспекторати во земјава за секој граѓанин да има увид во тоа кој објект бил подложен на надзор, а кој не. Потребно е, истакнаа од „Кој е следен“, да се инсталира и централен број за проверка на нерегуларности во работењето на инспекторатите, за секој граѓанин да може да пријави нерегуларност и тоа потоа да се распредели до соодветените надлежни институции.

Иницијативата уште еднаш ја отфрли поврзаноста со која било политичка партија во земјава, додека за јавно објавениот фејсбук статус на сестрата на Фросина Кулакова која загина на булеверот „Партизански одреди“ смета дека тоа е право на секој граѓанин. Во врска, пак, со обвинувањата од страна на семејството Кулакови дека „Кој е следен“ сака да злоупотреби нечија смрт, иницијативата потврдува дека се формираше и настана по несреќата кога загина Фросина и дека тоа бил поводот, но причината е нефункционалниот систем на државата во изминатите 35 години.

„Демократијата не прави пауза“, „Кога они одат на одмор платени од нашите пари, ние сме должни да зборуваме“, „Денс сме овде без платени патни трошоци и дневници“, беа само некои од пораките што ги испратија учесниците на собирот.

-Бараме да се објави целосно документацијата за да видиме дали воопшто постои, односно дали воопшто бил извршен надзор во дискотеката „Пулс“. Но, не се задржуваме само на овој случај. Сметаме дека системот во Македонија не функционира од нејзиното основање и затоа бараме транспарентно да се објават документациите и за сите останати трагедии што се случија во изминатиот период како „Беса транс“, „Дурмо турс“, „Онкологија“ и тетовската модуларна болница. И за овие трагични настани каде што системот потфрлил, јавноста не е целосно информирана за да се заштитат одредени индивидуалци или групи кои владееле со државата изминатите 35 години, истакна Борјан Ефтимов од „Кој е следен“.

Во однос на неработењето на Собранието во моментов, Ефтимовј нагласи дека поради тоа граѓаните симболично се собраа токму тука, поставија столчиња и ќе дискутираат за проблемите, ќе соочуваат различни мислења и аргументи.

-Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на Собранието не само во овие две недели, туку во целиот нас животен век. Собранието е исклучително пасивно иако има најголема обврска да ги претставува граѓшаните. Поради тоа решивме кога веќе одат на одмор пратениците кои се платени од нашите даноци, ние како граѓани да се собереме и да дискутираме за своите проблеми, да соочиме различни мислења и аргументи зашто сметаме дека само така можеме вистински да го промениме системот и да се избориме за напредок на државата, потенцира Ефтимов.

Според него, политичките партии имаат партиски и институционални механизми преку кои би можеле да се борат ако вистински сакаат да го сменат системот.

-Изјави и соопштенија не се ништо друго, освен гол популизам чија цел е да ги приближат граѓаните кон својата политичка опција. Бараме од нив активно да работат и да придонесат за промена на општеството во рамки на мехазнимите кои ги имаат. Со ова јасно кажуваме дека не сме со политичките партии, не веруваме дека тие во моментов вистински се залагаат за суштинска промена и бараме и ги притискаме да почнат да го прават тоа зашто граѓаните се незадоволни, подвлече Ефтимов.

Одговорајќи на новинарско прашање за реакциите на семејството на Фросина Кулакова, тој уште еднаш кажа дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење, но „Кој е следен“, напомена, ќе продолжи да се бори за секој граѓанин, за сегашните и идните генерации.

-Сакаме да живееме тука, вклучувајќи ги и граѓаните кои не се согласуваат со нас. Секогаш ќе стоиме на браникот на слбоодата на говорот, прифаќаме дека тие имаат право да го кажат своето мислење, а ние имаме да кажеме поинаквои мислење и тоа е дел од едно демократско општество, рече Ефтимов.

„Кој е следен“ има и барања за урбаните проблеми во градовите.

-Бараме надлежните да се позанимаваат со обезбедување функционален јавен превоз. Ја подржуваме амбицијата на „Македонски железници“ за градски воз со што јавниот транспорт ќе добие нова димензија. Уште една мерка е одредени зони да бидат само за пешаци. Тоа функционира во одредени места како што е Дебар Маало каде одредени улици во викендоте функционираат без автомобили. Такви мерки се почеток да ги направиме нашите градови градови на луѓе, а не на машини, изјави Игор Антов од „Кој е следен“.

Следните активности на „Кој е следен“ ќе бидат договорени по денешниот собир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки
Следна Статија Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Израелските лекари за еден ден направиле неверојатни 23 операции врз настраданите од Кочани

Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

May 29, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?