Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар
МАКЕДОНИЈА

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар

Објавено July 26, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи коњичкиот марш од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар по патеките на македонскиот непокор.

Во свечена, достоинствена и национално набиена атмосфера, коњаницата денес го продолжи коњичкиот марш во рамките на традиционалната манифестација „Патот на Црешовото Топче“, со што се означи почетокот на шеснаесеттото по ред патување во чест на илинденските херои.

Овој марш, кој низ годините прерасна во симбол на духовното и револуционерно будење на македонскиот народ, оваа година тргна од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар — места чии срца чукаат во ритамот на македонскиот непокор.

Од утринските часови, низ улиците на Зубовце се слушна ечењето на коњските копита и се развиорија знамиња со сонцето од Кутлеш. Жителите ги испратија коњаниците што ја продолжуваат славната традиција на нашите предци.

Истото чувство на национална гордост го исполни и Тумчевиште, каде жителите ја прославуваат селската слава „Свети Архангел Гаврил“.

Особено значаен духовен белег на денешниот ден беше светата литургија што се одржа во црквата „Св. Богородица“ во центарот на Гостивар.

Архиерејската литургија ја предводеше Владиката Јосиф, архиереј на Тетовско-Гостиварската Епархија, заедно со свештеници од епаријата.

По завршувањето на богослужбата, Владиката Јосиф им посака среќен пат до Крушево, повикувајќи ги да ја понесат молитвата, љубовта и благословот на целиот народ во нивното патување исполнето со чест, одговорност и духовна сила.

Коњаниците со гордост истакнаа дека годинашниот марш го посветуваат на македонските уставобранители – неправедно осудени, но достоинствени луѓе, кои останаа верни на правдата, на уставот и на својот народ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овенот е роден лидер, Стрелецот е оптимист, а вие?
Следна Статија „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Молитва за упокоените и 63 празни столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик…

March 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕСКА Е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Секогаш се паѓа во сабота, се пали свеќа, молитва и се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?